
Целта не е остварена, Роналдо и Ал Наср имале расправија!
Роналдо продолжува да дава голови, постигна 33 погодоци на 39 меча за Ал Наср оваа сезона. Но, неговите голови не носат и трофеи. Последен удар беше испаѓањето од азиската Лига на шампиони, а на тоа се надоврза и поразот од Ал Итихад, па сега Ал Наср е на четвртото место на табелата, а само три екипи одат во меѓународните натпреварувања.
„Марка“ открива дека Ал Наср и Роналдо влегле во расправија. Клубот не е задоволен од резултатите, а на Португалецот му е замерено и за неговото однесување, односно демонстративното напуштање на теренот на последниот меч и директно одење дома од стадионот.
Нејасно е колку е сериозно нарушен односот меѓу двете страни и дали Роналдо ќе остане во Ал Наср или ќе направи трансфер на лето.
Во меѓувреме се пишува и за негов краток трансфер во некој од европските екипи со цел да настапи на Светското клупско првенство. Наводно и ФИФА сака да го има Роналдо на натпреварувањето.