Фемили и Кумани им оддадоа почит на жртвите од „Диво насеље“: Хероите живеат вечно (ФОТО)

Првата пресметка од полуфиналната пресметката помеѓу МЗТ Скопје и Куманово по подолго време донесе интересна и атрактивна претстава на теренот, но и гладиаторска битка на трибините, каде што имаше две повеќе од солидно бројни навивачки групи кои витешки навиваа за своите миленици.

„Фемили“ и „Кумани“ заслужија речиси десетка за однесувањето во првото полувреме од денешниот дуел во „Јане Сандански“, особено за заедничкото потсетување и оддавање почит на жртвите на терористичкиот напад во кумановски Диво насеље на денешен ден пред десет години. Тогаш, во полициската акција за разбивање на вооружена терористичка група загинаа осум полицајци, а 37 беа повредени.

Во нивна чест и слава, навивачките групи на двата тима истакна транспаренти покажувајќи дека тие што ги оставија своите животи за Македонија никогаш нема да бидат заборавени.

„Да не се повтори, да не се заборави. Хероите живеат вечно!“, порачаа заеднички скопјани и кумановци.