Дојде редот и на Шпанија, Египет сака историска победа, тука е и Иран!
Програмата почнува во 18 часот, што е најраниот термин во кој ќе се играат натпревари на овогодинешниот Мундијал и во него на теренот за првпат ќе ја видиме Шпанија која ќе биде голем фаворит против Зеленортски Острови
. „Фуријата“ е апсолутен фаворит, а пред натпреварот шпанските навивачи можеа да здивнат откако селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека Ламине Јамал е подготвен за настап. Сепак, Јамал сè уште не е сто проценти фит и неговата минутажа би требало да биде ограничена.
Во 21 часот во Сиетл ќе се одигра дуелот меѓу Белгија и Египет. Иако звучи изненадувачки, Египет вечерва ќе ја бара својата прва победа на светските првенства во историјата. Сепак, против силната Белгија која иако не е силна како некогаш задачата нема да биде лесна.
Точно на полноќ во Мајами започнува натпреварот меѓу Уругвај и Саудиска Арабија. Саудијците, кои од дебито во 1994 година токму во САД никогаш не ја поминале групната фаза, се надеваат дека американското тло повторно ќе им донесе среќа. Улогата на фаворит припаѓа на Уругвај, но јужноамериканците ќе мора сериозно да се намачат за да ја оправдаат.
Денот ќе го затворат Иран и Нов Зеланд во Лос Анџелес во 3 часот по полноќ. Натпреварот привлекува големо внимание, но не само поради фудбалот, туку и поради поширокиот политички контекст и зголемените безбедносни мерки.
15 јуни, 18:00: Шпанија – Зеленортски Острови (Група Х, Атланта)
15 јуни, 21:00: Белгија – Египет (Група Г, Сиетл)
16 јуни, 00:00: Саудиска Арабија – Уругвај (Група Х, Мајами)
16 јуни, 03:00: Иран – Нов Зеланд (Група Г, Лос Анџелес)