Реал Мадрид и официјално доби фудбалер од шпанската репрезентација!
Кукуреља потпиша договор со мадридскиот гигант до летото 2032 година, а според информациите на медиумите, вредноста на трансферот изнесува 60 милиони евра. Од таа сума, 55 милиони се фиксно обештетување, додека дополнителни пет милиони евра се предвидени преку бонуси.
Иако минатото лето го продолжи договорот со Челси, кој му важеше уште три години, лондонскиот клуб сепак се согласи да го продаде 27-годишниот дефанзивец.
Во изминатиот период интерес за неговите услуги покажаа неколку европски клубови. Се споменуваа контакти со Атлетико Мадрид и Барселона, а медиумите пишуваа дека и новиот тренер на Манчестер сити, Енцо Мареска, бил заинтересиран за негов ангажман.
Во Реал Мадрид, Кукуреља ќе работи под водство на Жозе Мурињо, кој на почетокот на неделата се врати на клупата на шпанскиот великан. Со овој трансфер, Реал Мадрид добива шпански репрезентативец на Мундијалот бидејќи во составот на Де Ла Фуенте досега немаше играч на „кралевите“.
Шпанија својот прв натпревар на Светското првенство го игра денеска од 18:00 часот против Зеленортски Острови.