Невидена еуфорија кај Американците, фудбалерите никогаш не биле толку гледани!

Во Америка владее фудбалска еуфорија како никогаш претходно, а доказ за тоа е дека натпреварот против Парагвај кој домаќините го добија со убедливи 4-1 бил најгледан во историјата на репрезентацијата.

Ова претставува уште еден показател за растечката популарност на фудбалот во САД. Преносот во еден момент достигнал пик од 18,86 милиони гледачи, што го прави најстримуван натпревар на американската селекција на англиски јазик.

Американските навивачи се собраа во голем број за да го проследат тимот на Маурисио Покетино. Натпреварот бил емитуван на неколку телевизии, а највисоката гледаност била забележана помеѓу 22:45 и 23:00 часот по времето во САД.

Овие бројки претставуваат огромен раст во споредба со првиот натпревар на САД на Светското првенство во 2022 година во Катар. Според „Фокс Спортс“, гледаноста е зголемена за 106 проценти во однос на отворањето на групната фаза против Велс во 2022 година, кое го следеле 7,763 милиони гледачи.