Циркус во Фенербахче: Тадиќ тргна да се тепа со соиграч (ВИДЕО)

Фенербахче остана со минимални шанси за титулата во турското првенство, но во финишот од сезоната се повеќе личи на маалска екипа.

Денеска тимот од Истанбул славеше на гостувањето кај Башакшехир со 4-1, а натпреварот го одбележа инцидентот во кој учествуваа двајца фудбалер на Фенер. Душан Тадиќ тргна да се тепа со Андерсон Талиска и да не беа соиграчите, ќе дојдеше до физичка пресметка меѓу нив двајца.

Се се случуваше во финишот од првото полувреме, Тадиќ не му додаде на Бразилецот кој беше во добра позиција, а овој му пререче за тоа. Тргна вербална расправија, паднаа пцовки и навреди по што поранешниот српски репрезентативец ги загуби нервите и му се пушти на Талиска.

Интересно е тоа што ниеден од нив двајца не учествуваше во постигнувањето на некој од головите, Тадиќ ги одигра сите 90 минути, а Талиска беше повлечен на клупа во финишот. Снимките подоцна покажаа дека двајцата ги надминале недоразбирањата и прегрнати заминаа во соблекувална.