
Влаховиќ се поблиску до заминување, не прифаќа помалку пари
Информациите од Торинот говорат дека Влаховиќ го одбил новиот договор кој му бил понуден од клубот со кој неговата плата би се намалила од сегашните 12 на 8 или 9 милиони евра. Таквиот развој на настаните ја зголемува веројатноста дека Јуве ќе го продаде својот најдобар напаѓач, доколку пристигне понуда помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Клубот од Торино веќе активно бара замена за Влаховиќ, а како можен наследник се споменува данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд. Дополнителна неизвесност во нападот на „старата дама“ внесува и ситуацијата со Рандал Коло Муани кој е на позајмица од Пари Сен Жермен.
Што се однесува до иднината на Влаховиќ, шпекулациите не стивнуваат. Турските медиуми сè почесто го поврзуваат со Фенербахче, додека англиските медиуми го наведуваат како потенцијално засилување за Астон вила или Арсенал.
Фото: Juventus FC/FB