Маршот на Барса заврши во Париз: ПСЖ им набива комплекс на „каталонците“ (ВИДЕО)
Во дербито на третото коло од Лигата на шампионите, ПСЖ на домашен терен го совлада шпанскиот првак со 4-2, користејќи ги сите грешки во одбраната на својот ривал. Барселона допатува во Париз со многу повредени фудбалери во одбраната и Флик мораше да експериментира, но ни тоа не е иговори за очајното издание на дефанзивците кои на ПСЖ му дозволија дури 22 шута од кои 15 во рамките на голот.
Барса двапати успеваше да се врати во игра по негатива од еден гол, но во финишот тотално колабираше и му дозволи на ПСЖ да ја прослави и третата победа во меѓусебните дуели. Резултатот го отвори Дуе во 38. минута, користејќи еден голем кикс на Јамал, но Еспарт на стартот на второто полувреме, со својот прв гол во Лигата на шампионите го донесе првото израмнување.
Лука Ернандез се погрижи за втора предност на домашниот тим, ама Ламин Јамал со еден соло продор во 79. минута израмни на 2-2. И кога се мислеше дека Барса ќе ги искористи проблемите на ПСЖ во вид на повреди на Дембеле, Маркињос и Кварацкелија, до израз дојде длабочината во составот на актуелниот европски шампион. Прво Витиња со удар од далечина го донесе ПСЖ во водство од 3-2, а потоа Руиз со гол ја круниса акцијата на Руиз и го постави конечниот резултат.
Поразот доаѓа во незгоден момент за Барселона која в недела ќе се сретне со Реал во првото Ел Класико сезонава, но поголем проблем е физичката состокба на дел од главните играчи во тимот кои се речиси без одмор. ПСЖ останува со максимален ефект и по денешниот триумф како прв фаворит за одбрана на титулата во Лигата на шампионите.
РЕЗУЛТАТИ
Рома - Слован 0-4
Ливерпул - Виљареал 4-3
Манчестер Сити - АЕЛ 5-1
Наполи - Бодо 4-3
Порто - ПСВ 0-1
ПСЖ - Барселона 4-2
Штутгарт - Атлетико 1-1