Хорор во Шпанија: Маскирани разбојници упаднале во домот на познат голман!

Поранешниот голман на Севиља и ПСЖ, Серхио Рико и неговото семејство биле жртви на вооружен грабеж во нивниот дом во близина на Севиља.

Шпанските медиуми пишуваат дека петмина маскирани и вооружени мажи упаднале во куќата во понеделникот околу 22 часот, додека Рико вечерал со сопругата Алба Силва, нивните две деца и домашната помошничка.

Рико потврдил дека бил ограбен од разбојници, а случајот бил пријавен во шпанската полиција, која треба да ги утврди сите околности на инцидентот.