Место голови – повреди: ПСЖ остана без Дембеле, Барса без Олмо уште во првото полувреме
Напаѓачот на ПСЖ, Осман Дембеле, почувствува болка во задната ложа и мораше предвреме да го заврши настапот. Францускиот репрезентативец не можеше да продолжи, па тренерскиот штаб беше принуден да направи измена и да го внесе Феран Торес во игра.
Проблемите продолжија и на спротивната страна. Дани Олмо кој исто така почувствува физички проблеми и мораше да го напушти теренот. Така, каталонскиот гигант остана без уште еден важен фудбалер во текот на натпреварот.
Повредите на двајцата офанзивци се сериозна причина за загриженост во двата табора, особено поради густиот распоред и важните предизвици што следуваат во продолжението од сезоната. Особено тоа се однесува за Барселона која в недела ја очекува големо дерби против Реал. Денеска во стартната постава не се најде ниту Родри кого тренерот Ханси Флик одлучи да го одмори за да не дојде до повреда.