Дортмунд освои три бодови во Баку, Фенербахче прокоцка триумф против Славија Прага

Третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) донесе триумф на Борусија Дортмунд против Сабах Баку, како и реми меѓу Фенербахче и Славија Прага (2-2).

„Милионерите“ уште во 10. минута преку Серху Гираси стрелаа за предност од 1-0, но Сабах не се повлече, туку тргна по израмнување до кое стигна по половина час игра.

Дортмунд во вториот дел успеа да погоди и по втор пат, повторно преку Гираси за да триумфира во Баку со 2-1.

Фенербахче одлично го отвори дуелот против Славија Прага и поведе со 2-0 со головите на Ајдин и Гринвуд до 11. минута. Но, потоа следеше пад во играта и Славија Прага го искористи тоа за да намали на 1-2 преку Провод.

Екипата од Прага не се предаваше до самата завршница, а тоа на крајот ѝ овозможи да постигне и втор погодок за да освои голем бод (2-2) во Турција.