И тоа се случува - Роналдо промаши цел гол од пенал (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо пропушти голема можност да му донесе водство на Ал Наср во дуелот со Неом од првенството на Саудиска Арабија.

Португалската суперѕвезда имаше шанса од белата точка во судиското продолжение на првото полувреме, но не успеа да ја погоди целта. Пеналот беше досуден по интервенција на ВАР, откако претходно беше направен прекршок врз Жоао Феликс.

Роналдо ја презеде одговорноста, но неговиот удар заврши покрај голот, па Ал Наср не ја искористи можноста да поведе пред паузата.

По првите 45 минути, резултатот беше 0-0. Ал Наср ќе има уште едно полувреме да стигне до водството, а во центарот на вниманието ќе биде и реакцијата на Роналдо по промашениот пенал.