Срамни сцени во Англија: Навивач на Лидс го навредуваше Фергусон! (ВИДЕО)

Легендарниот Сер Алекс Фергусон се соочи со непријатна ситуација за време на посетата на „Еланд Роуд“, каде што го следеше натпреварот меѓу Лидс и Манчестер Јунајтед (1-1) во Премиер лигата.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи како навивач го навредува легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“.

Фергусон беше навреден од трибините, но не почна вербална расправија, туку продолжи да се движи по својот пат, а видеото на социјалните мрежи предизвика бурни коментари.