Манчестер сити има документи со кои ќе ја урне пресудата за финансиската афера

Англискиот гигант Манчестер сити нема да се откаже од идејата да ја поништи одлуката со која беше прогласен за виновен за 114 прекршоци на финансиските правила на Премиер лигата.

„Граѓаните“ имале документи кои може да ги оспорат заклучоците на независната комисија. Според информациите што ги објавија британските медиуми, меѓу најважните материјали на кои се повикува клубот се банкарски извештаи, владини евиденции и сметки поврзани со Абу Даби.

Клубот, наводно, располага и со дополнителна документација доставена од владата, со која сака да ја потврди веродостојноста на претходните финансиски записи.

На 1 октомври клубот официјално поднесе жалба на одлуката и посочи дека истата содржина сериозни грешки. Епилогот од од жалбата би можел да има големо влијание врз иднината на клубот, а веќе во медиумите се споменуваат сценарија кои нема да им се допаднат на „граѓаните“.

Случајот се однесува на финансиското работење на клубот во периодот од 2009 до 2018 година.