Башкими доби забрана за трансфери!
Според податоците објавени на официјалната интернет-страница на ФИФА, санкцијата за македонскиот прволигаш почнала да важи на 19 октомври 2026 година.
Причината за казната се финансиски обврски што клубот не ги исполнил во претходниот период. Поради тоа, Башкими ќе мора да се соочи со ограничување при ангажирањето нови фудбалери во наредните три трансферни периоди.

Фото: Facebook/KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947