НБА сезоната почнува со сцена од „Роки“ - Кралот во ново руво го предизвикува првакот
Актуелниот шампион ја дочекува сезоната со стартна петорка предводена од Џејлен Брансон, Карл-Ентони Таунс, Оу Џи Ануноби, Микал Бриџис и Џош Харт. Тренерот Мајк Браун ги сочува носителите на играта, а најголемата промена под кошот е доаѓањето на Андре Драмонд на местото на Мичел Робинсон. Сепак, вистинскиот спектакл се очекува од нивниот вечерашен противник Филаделфија 76-ерс, која летово состави тим кој многумина го гледаат како главен фаворит за титулата. На хартија, нивниот ростер изгледа нереално: Џоел Ембид, Џејлен Браун, Тајрис Макси, талентираниот Ви-Џеј Еџкомб и Леброн Џејмс. Иако „Кралот“ во декември полни 42 години, неговиот потпис за тимот на Ник Нурс предизвика огромни контроверзии бидејќи ростерот изгледа како најлесен пат до нов шампионски прстен.
Од друга страна, заминувањето на Браун во Филаделфија го промени и Бостон, кој сега се потпира на Џејсон Тејтум, Дерик Вајт, Пејтон Причард, но и на новите засилувања Пол Џорџ и Мичел Робинсон. Тектонски промени се случија и во остатокот од Источната конференција. Јанис Адетокумбо го напушти Милвоки и се пресели во Мајами, каде што рекетот ќе го дели со Бем Адебајо под водство на Ерик Споелстра, поддржани од Клеј Томпсон, Тим Хардавеј Јуниор и Боби Портис. Торонто се засили со повратникот Кавај Ленард, Индијана повторно смета на Тајрис Халибартон, додека Кливленд ја чека целата сезона со Донован Мичел и Џејмс Харден.

На Западот, Сан Антонио Спарси и Оклахома Сити Тандер влегуваат со најголеми амбиции за финале. Виктор Вембањама сега има непроценливо искуство од плеј-офот, а покрај напредокот на Стефон Касл и Дилан Харпер, тимот од Тексас го доби и Диерон Фокс, што му дава неверојатна ширина на тренерот Мич Џонсон. Оклахома, пак, остана без Лугенц Дорт, Арон Вигинс и Ајзеа Џо, но го награди Кејсон Волас со договор од 139 милиони долари и сега се потпира на Шеј Гилџес-Александер, Чет Холмгрен, Џејлен Вилијамс и Алекс Карузо.
Денвер Нагетс се наметнува веднаш зад овој двоец. Никола Јокиќ, Џамал Мареј и Арон Гордон добија огромно засилување во името на Демар Дерозан, кој на тимот од Колорадо му носи сигурност во нападот и заборавен квалитет во шутот од полудистанца. Истовремено, ЛА Лејкерси започнуваат нова ера. Лука Дончиќ сега ја води екипата без Џејмс крај себе, а како големо засилување пристигна Вокер Кеслер, додека на бековските позиции поддршка ќе му даваат Остин Ривс, Квентин Грајмс и Матис Тајбул под водство на тренерот Џеј Џеј Редик.
Минесота му го донесе Ламело Бол на Ентони Едвардс, додека Фред Ванвлит се врати во Хјустон кај Кевин Дурент, Алперен Шенгун и Амен Томпсон. Јута Џез влегува како главен кандидат за најпријатно изненадување. Лаури Марканен и Џерен Џексон Јуниор формираат одличен тандем, а бековската линија е засилена со рукито Дарин Питерсон. Најголемо внимание на овогодинешниот драфт предизвикаа и Еј Џеј Дибанца (Вашингтон), Камерон Бузер (Мемфис) и Кејлеб Вилсон (Чикаго), како и Адеј Мара (Оклахома) и Лендеборг (Голден Стејт).
За балканската кошаркарска јавност, интересно е враќањето на Никола Вучевиќ во Орландо меџик, клубот за кој играше од 2012 до 2021 година. Во својот прв претсезонски настап против Мајами (136-115), тој за 23 минути забележа 13 поени и седум скокови, покажувајќи дека ќе биде клучна поддршка за Паоло Банкеро, Франц Вагнер и Дезмонд Бејн.