НБА Европа стартува во 2027 година: Екипите ќе добијат три пати повеќе пари од Евролигата!

НБА Европа треба да започне во октомври 2027 година, а амбициозниот проект веќе привлекува огромно внимание поради финансиските можности што им ги ветува на клубовите.

Марк Тејтум, заменик-комесарот на НБА, потврди дека планот за почеток на натпреварувањето останува непроменет, без разлика дали ќе биде постигнат договор со Евролигата.

Според проекциите на НБА, новата лига би можела да им распределува на клубовите околу девет милијарди евра во период од десет години, додека Евролигата во нивниот план предвидува распределба од 3,4 милијарди евра.

Ова значи дека НБА Европа ќе им подели речиси три пати повеќе пари на клубовите, доколку се остварат проекциите на организаторите.