Тен Хаг во Јунајтед никој не го слушал, му продале голгетер за кој тој кажал да остане!

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, во големото интервју за „Атлетик“ откри што се случувало на „Олд Трафорд“ за време на неговиот ангажман.

Холанѓанецот истакна дека едно од најголемите разочарувања му било кога управата, без негова дозвола, го продала Скот Мектоминеј во Наполи.

„Затоа бев разочаран. На Ибица се договоривме. Реков: ‘Нема продажба на Скот Мектоминеј’. Требаше да бидеме усогласени во текот на преодниот рок. Ги изнесов аргументите и причините: немаме доволно играчи кои постигнуваат голови. Скот носи реализација и има одличен менталитет. Јунајтед му тече низ вените.

Затоа, кога ја покренаа таа тема, реков: ‘Не’. Но, на крајот го продадоа. Се разбира, се чувствував многу непријатно и разочарано“, откри Тен Хаг.

Иако медиумите пишуваа дека Тен Хаг ја изгубил контролата врз играчите и дека поради тоа морал да го напушти Јунајтед, тој има поинакво мислење.

„Можеби тие тврдат поинаку, но јас гледам што се случуваше на теренот, на секој натпревар играчите се бореа. Исто така, мојот последен натпревар веројатно беше еден од нашите најдобри. Требаше да го победиме Вест Хем. Но, сигурен сум дека тој процес веќе беше во тек. Веќе имаше луѓе, можеби дури и во тимот кои знаеја што ќе се случи следниот ден“, изјави, меѓу другото, Тен Хаг.

Во ова интервју Тен Хаг не штедеше критики и за Кристијано Роналдо за кого вели дека прескокнувал тренинзи и не сакал да трча (ТУКА)