Познати кандидатите за специјалната награда - најдобар фудбалер во историјата!

По повод 70-годишнината од доделувањето на „Златната топка“, организаторите воведоа посебно признание со кое ќе се избира најдобрата индивидуална сезона на некој од досегашните освојувачи на престижната награда.

Признанието ќе го добие најдобриот фудбалер во историјата, а за победникот ќе решаваат навивачите со гласање. Листата на кандидати е предводена од Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Аргентинецот ја освои „Златната топка“ дури осум пати, односно во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021 и 2023 година.

Роналдо има пет признанија, односно ја освојуваше наградата во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година.

Сепак, на списокот се наоѓаат и имиња на легендарните Јохан Кројф, Мишел Платини, Марко Ван Бастен, Роналдо Назарио, Алфредо Ди Стефано, Карл-Хајнц Румениге и Кевин Иган.

Гласањето е отворено и ќе трае до полноќ на 27 октомври, а резултатите ќе бидат објавени еден ден подоцна.