Фудбалерите до 16 години на пенали поразени од Словачка

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години го запиша и вториот пораз на развојниот турнир што се одржува во Подгорица.

По стартниот пораз од Србија, избраниците на селекторот Драган Начевски во второто коло загубија од селекцијата на Словачка, сега по изведувањето на пенали..

Регуларниот дел од натпреварот заврши без голови (0-0), а победникот мораше да се одлучи преку пенал-серија, а таму фудбалерите на Словачка беа посконцентрирани и славеа со 4-2.

За Македонија, единствени прецизни изведувачи од белата точка беа Фадил Исламовиќ и Ракипи Сонер.

Македонија: Амин Сулјовиќ, Анес Бајрами, Игор Вргов, Аријан Рамадани, Филип Цветковски, Лука Георгиевски, Лука Кнезевиќ, Марко Мирцевски, Горјан Петковски, Лука Ѓоршиев Јасмин, Сонер Ракипи;

Резерви: Ринор Цека, Даријан Денковски, Вулнет Амети, Коста Бошковски, Мелдин Аломеровиќ, Давор Јорданов, Фадил Исламовиќ, Андреј Цветковски, Васко Папалиски;