Официјално: Алонсо и Леверкузен ја потврдија разделбата!

Чаби Алонсо и официјално соопшти дека ќе го води Баер Леверкузен уште на последните два натпревари и потоа ќе замине во нова средина.

Досега само се шпекулираше, но денеска се случи првото официјално обраќање за случајот на Чаби Алонсо и тоа го направи лично тој.

„Оваа недела со клубот се договоривме дека последните два меча од сезоната ќе бидат и моите последни како тренер на Баерн Леверкузен“, рече Алонсо.

„Ова е вистинскиот момент да ја соопштам одлуката“.

Тој сепак не сакаше да потврди дали неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

„Ова не е момент кога треба да зборувам за иднината“, кажа шпанскиот стратег.

Според медиумите тој веќе се договорил со Реал Мадрид и наскоро ќе потпише за нив.

Разделбата ја потврди и Баер Леверкузен.

„По речиси две ипол години, и за време на најуспешниот период во клупската историја, нашиот тренер Чаби Алонсо ќе го напушти клубот по крајот на сезоната“, стои во соопштението на Леверкузен.