Антони е на чекор од подвиг каков што не направил никој друг!

Бразилскиот фудбалер Антони е на чекор до историски подвиг каков што досега не е забележан во европскиот фудбал.

Имено, тој е многу блиску до тоа да освои два европски трофеи со два различни клуба во иста сезона. нешто што досега никогаш не се случило. Причината за тоа е што дури неодамна УЕФА ја смени регулативата и им дозволи на фудбалерите да настапуваат за две различни екипи во нејзините натпреварувања во истата натпреварувачка година.

Антони ја започна сезоната како фудблер на Манчестер јунајтед, но во јануари замина на позајмица во шпанскиот Бетис.

Сега, двата клуба се финалисти во европските купови, Манчестер јунајтед ќе се соочи со Тотнем во финалето на Лига Европа на 21 мај во Билбао, додека Бетис ќе игра против Челси во финалето на Конференциската лига, закажано за 28 мај во Вроцлав.

Антони во првиот дел од сезоната настапи за „црвените ѓаволи“ во Лига Европа, а во пролетниот дел од сезоната беше клучен играч во тимот на Бетис, кој за првпат во својата историја избори пласман во едно европско финале.

Фото: Real Betis/FB