
Марка потврдува: Реал Мадрид веќе има нов тренер – потпишал на три години!
Италијанецот, кој донесе бројни трофеи на „Сантијаго Бернабеу“, ќе го напушти клубот со пријателски раскин на договорот, а на негово место сигурно ќе дојде Чаби Алонсо, потврдува Марка. Анчелоти заминува како најтрофеен тренер во историјата на клубот, со вкупно 15 освоени титули - три Лиги на шампиони, три Светски клупски првенства, три УЕФА Суперкупа, две титули во Ла Лига, два Копа дел Реј трофеи и два Суперкупа на Шпанија. Со тоа го надмина и легендарниот Мигел Муњоз.
Новиот стратег на „кралскиот клуб“ ќе биде Алонсо, кој ќе потпише тригодишен договор. Тој се враќа во Мадрид по успешниот тренерски ангажман во Баер Леверкузен, каде ја освои двојната круна и ја прекина 11-годишната доминација на Баерн Минхен во Бундеслигата. Најавата е дека ќе пристигне со свој проверен стручен тим – асистентот Себас Парилја, соработник од деновите во младинската школа на Реал и кондицискиот тренер Алберто Енкинас, кој има искуство и во Барселона, САД и Данска.
Сепак, Алонсо нема да го води тимот на Светското првенство за клубови. За таа мисија ќе биде задолжен Сантјаго Солари, кој ќе ја преземе функцијата како привремено решение до официјалното преземање на новиот шеф на стручниот штаб.
ФОТО: Instagram