
Ван Дајк ќе го напушти Ливерпул, ама нема да потпише за ПСЖ
По дербито меѓу Ливерпул и ПСЖ на „Енфилд“, раководството на парижаните се сретна со Ван Дајк во подтрибинскиот простор и тоа многумина го разбраа како знак дека дефанзивецот се сели во Париз.
Репрезентативецот на Холандија, сепак, донел друга одлука и им ја соопштил на неговите најблиски кои откриле дека Ван Дајк решил да прифати понуда од Баерн Минхен.
Ван Дајк игра за Ливерпул од 2018 година, откако претходно три сезони помина во Саутемптон, а ги носеше и дресовите на Селтик и Гронинген.