
По мечот раководството на ПСЖ го врбуваше Ван Дајк да потпише за нив!? (ВИДЕО)
Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува по крајот на сезоната, а тој уште нема потпишано продолжување на соработката со црвените. Тоа значи дека веќе може да преговара со други клубови.
По вчерашниот меч, претседателот на ПСЖ Насер Ал-Келаифи и директорот Луис Кампос беа видени како зборуваат со капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.
Се верува дека ова е убедување тој да се пресели кај нив откако ќе му истече договорот со Ливерпул.