Анри го откри својот фаворит во трката за „Златна топка“

Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри зборуваше за престижната награда „Златна топка“, а притоа го посочи неговиот фаворит за освојување на признанието.

Анри го издвои Рафиња од Барселона како главен фаворит за освојување на „Златната топка“ поради неговите настапи во досегашниот дел од сезоната.

„Рафиња е меѓу фаворитите. Тој за мене е пред сите други. Постигна 11 голови во Лигата на шампиони, а одличен е и во Ла Лига. Тука се и Мохамед Салах и Хари Кејн, но Рафиња делува незапирливо“, вели Анри.