
Младите фудбалерки освоија прво место на квалификациски турнир во Скопје
На тренинг-центарот „Петар Милошевски“ се играше добар фудбал со голема пожртвуваност на фудбалерките на двете селекции, а единствениот гол за Македонија го постигна Настасја Накова во осмата минута.
Со оваа победа женската репрезентација до 17 години, го освои првото место во групата 6 (Б лига) и обезбеди промоција во А-лигата.