
Проблем за Слот: Ливерпул ослабен во финалето од Лига Купот
„Црвените“ беа елиминирани од Лигата на шампионите уште во осминафиналето, иако во лигашкиот дел беа први на табелата.
Претходно избраниците на Слот го завршија настапот и во ФА Купот со поразот од Плимунт.
Сега за нив следи финалето во Лига Купот каде што ќе се борат за првиот трофеј, а неделниот натпревар ќе го пропушти Трент Александер Арнолд.
Арнолд се здоби со повреда во поразот од ПСЖ и денеска е потврдено дека нема да се опорави на време за средбата со Њукасл.
Бидејќи е повреден и Конор Бредли тоа значи дека на десната бековска позиција ќе мора да игра Џарел Куанса.
Но, исто така ќе биде ослабен и Њукасл бидејќи нема да ги има на располагање Ентони Гордон и левиот бек Луис Хол.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Њукасл на програмата е в недела од 17:30 часот.