Италија ја декласира Турција, Франција го освои Брисел, а БиХ ја прегази Романија!
„Аѕурите“ беа расположени од самиот старт на натпреварот, па првото полувреме го добија со 3-0, откако стрелаа Бастони, Фратези и Кајоде.
Јилмаз на почетокот на вториот дел намали на 1-3, со што за момент ја врати надежта на Турција дека може да се спаси од пораз. Сепак, во 50. минута Еспозито погоди за 4-1 и три бодови за Италија.
Франција долго време се обидуваше да ја пробие одбраната на Белгија, а конечно тоа им успеа во завршницата од натпреварот кога Олисе го постигна единствениот гол на мечот (1-0).
Романија и БиХ одиграа ефикасен меч во Букурешт. Во првиот дел за гостинската селекција стрелаа Гиговиќ, Мухаремовиќ и Табаковиќ, додека Бирлиге погоди за домаќините. Во вториот дел повторно се тресеа мрежите на двете страни по еднаш (4-2).
На останатите натпревари Северна Ирска ремизира против Унгарија (0-0), додека Шведска ја совлада Полска со 3-1.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio