Димитриевски: Кога доаѓам на прес, не примам гол - така нека биде и сега!

Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 20.45 часот против Словенија ќе го одигра вториот меч од Лигата на нации.

Голманот на македонската селекција, Столе Димитриевски ги кажа своите очекувања за утрешниот меч и посочи дека се надева дека ќе ја продолжи неговата традиција на „чиста мрежа“ откако ќе биде присутен на прес-конференција пред натпревар.

„Знаеме дека не одигравме најдобар натпревар, знаеме дека одбраната не беше на највисоко ниво од нас. Го разрешивме тоа, имаме нов натпревар и мора да сме фокусирани. Треба да се подготвиме и да си дадеме поддршка и со мислите да бидеме на следниот меч. Мислам дека утре ќе одговориме вистински на задачата.

Словенија има фантастичен голман, еден од најдобрите во светот. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата задача како што треба. Имав една традиција кога доаѓав во Љубљана имав ‘чиста мрежа’, се надевам дека и сега ќе биде така. Мислам дека ќе бидеме добри и во нападот за да дојдеме до резултат кој ќе ни ја крене самодовербата“, кажа Димитриевски.

Натпреварот од второто коло во Лигата на нации меѓу Словенија и Македонија се игра утре од 20.45 часот во Љубљана.