Доцна се разбудивме, Русија подобра од младинците на Таневски (ФОТО)
Ова беше прв натпревар на клупата за новиот селектор Александар Таневски кој претходно работеше со генерацијата до 20 години, а по заминувањето на Горан Станиќ ја презема младинската селекција.
Гостите денеска беа подобар противник и заслужено победија, меѓутоа и избраниците на Таневски покажаа дека знаат да бидат опасни.

Резултатот Русија го отвори во 36-тата минута преку Окишор и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. По десетина минути игра во вториот дел Бобер се погрижи и за 2-0. Македонија не се откажа се обиде да дојде до израмнување и во 79-тата минута намаливме на 2-1 со голот на Васил Тасовски.
Само две минути подоцна згаснаа нашите надежи дека можеме да дојдеме до позитивен резултат, Акмедов се запиша во листата на стрелци за нови два гола предност за гостите. Во самиот финиш Taсовски постигна уште еден гол за конечните 3-2.

Сега пред Таневски и момците се последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство кои ќе играме против Црна Гора на 1 октомври во Битола и четири дена подоцна против Шведска на гости.
