Ако не ѝ се извини Перез на Барселона, ќе добие тужба за клевета!
Каталонскиот гигант побара Перез да ги повлече своите обвинувања дека им се украдени титули во Ла Лига од Барселона, а доколку не се случи такво нешто, тогаш Барселона ќе го тужи претседателот на „кралевите“.
Сè почна по скандалозната изјава на Перез на прес-конференцијата за новинари на 12 мај, кога распиша избори во Реал Мадрид и притоа обвини дека му се „украдени седум титули“ со случајот „Негреира“ во кој беше обвинета Барселона.