Уништен муралот на легендарниот капитен на Милан (ФОТО)

Муралот посветен на легендарниот капитен на Милан, Франко Барези, кој се наоѓа пред седиштето на гигантот бил уништен со црвен спреј.

Фотографијата од уништениот мурал беше објавена на социјалните мрежи, а истиот потег предизвика голема осуда од јавноста и навивачите на „росонерите“.

„Вандализираниот мурал на Барези е кукавички потег и жал ми е за лицето кое го направило тоа. Да се види уништено моето дело ми носи голема тага. Не поради тоа што јас го направив, туку кон лицето кое го претставуваше“, вели авторот на делото.