Црна Гора ја надигра Ерменија, Грузија и Украина без муниција
Пилојан со автогол им донесе предност на Црногорците во 20. минута, по што Серобјан успеа да израмни на 1-1 во 34. минута. Црна Гора го врати водството во финишот на првото полувреме, кога Крстовиќ стрелаше за 2-1.
Ерменија не се предаваше, па постигна и втор погодок во 65. минута за да ја анулира негативата и да ја врати неизвесноста. Сепак, во самата завршница Латковиќ ѝ донесе радост на Црна Гора.
Фото: Facebook/Fudbalski savez Crne Gore - Football Association of Montenegro