Последна проверка пред Словенија: Македонија го одработи последниот тренинг во Љубљана (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одработи последниот тренинг пред вториот меч во Б-сегментот од Лигата на нации, кој го игра против Словенија во Љубљана.

Македонските фудбалери го одработија последниот тренинг пред новиот предизвик во Лигата на нации во кој ќе се обидат да стигнат до првите бодови.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра утре од 20.45 часот.