Инцидент во Кина: Ѓоковиќ погоден во глава додека делеше автограми (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ пристигна во Кина каде што треба да настапи на турнир во Шангај, но по тренингот се случи инцидент.

Ѓоковиќ имаше тренинг пред публиката, по што тргна да подели автограми, меѓутоа едно лице од трибините го погоди Србинот со капа во лице.

Српскиот тенисер остана шокиран за момент, по што продолжи да дели автограми, додека неговиот соработник побара од обезбедувањето да го исфрлат лицето од трибините.