Тежок удар за Атлетико: Кореа скапо ќе ја плати глупоста против Хетафе!

Oфанзивецот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа ја дозна казната за црвениот картон во натпреварот против Хетафе и ќе ги пропушти следните пет натпревари на „јорганџиите“.

Кореа на овој натпревар го навредуваше судијата, а денеска е потврдена неговата казна и тој ќе мора да помине надвор од терените пет натпревари.

Бидејќи суспензијата се однесува и на натпревари од Копа дел Реј тој прво ќе го пропушти лигашкиот дуел со Барселона, а потоа и реваншот од купот кон почетокот на април.

Освен двата натпревари со Барселона Кореа нема да биде на располагање на Симеоне и за дуелите со Еспањол, Севиља и Ваљадолид.

Во тимот Кореа ќе се врати на 20 април кога Атлетико гостува на Лас Палмас.