Се затвори ресторанот кој беше во сопственост на Роналдо и Надал

Ресторанот во Мадрид, Тото во кој заеднички сопственици беа Кристијано Роналдо и Рафаел Надал престана со работа.

Специјализираниот италијански ресторан своите врати ги отвори пред три години, а сега причините за затворањето не се објавени.

Ресторанот беше дел од „Тател групата“ каде што освен Роналдо и Надал инвеститори се поранешните шпански трофејни кошаркари Руди Фернандез и Пол Гасол.

Треба да се напомене дека рестораните од „Тетел Група“ кои се наоѓаат во Дубаи и Абу Даби продолжуваат да работат.

Легендарните спортисти не ги коментираа во јавноста информациите околу крајот на бизнисот во Шпанија.