Уште еден гигант влезе во битка за Ендрик
Само неколку минути оваа сезона се премалку за развојот на еден млад фудбалер на кому му се потребни натпревари и минути. И додека веќе се пишува за нова позајмица во јануари, многу клубови веќе го подготвуваат планот според кој би го довеле во своите редови.
Веќе се споменуваа Рома и Лион, а сега во трката се вклучи и нов клуб. Станува збор за Милан, кој го сака на позајмица во јануари до крајот на сезоната. Нападот на калчолигашот не функционира баш идеално, а „росонерите“ сметаат дека Ендрик би донел квалитет кој е повеќе од потребен за постигнување уште повеќе голови.
Сè поизвесно е дека овој фудбалер во јануари ќе го напушти Реал, но Мадриѓаните многу тешко ќе се откажат од него кога станува збор за неговата иднина.