Само една репрезентација во Лигата на Нации е без примен гол

Репрезентацијата на Северна Ирска е едно од најпријатните изненадувања сезонава во Лигата на Нации.

По четири одиграни кола во Групата 2 од дивизијата Б, островскиот тим ја држи лидерската позиција на табелата пред Унгарија, Украина и Грузија, а посебно се истакнуваат со одличната одбрана.

Со новата сочувана мрежа во ремито без голови против Грузија, избраниците на селекторот Мајкл О’Нил останаа единствената репрезентација во целото натпреварување (во сите лиги) која по четири кола сè уште нема примено ниту еден гол.

Сепак, натпреварот на домашен терен донесе и многу пропуштени шанси победата да биде крунисана со нови три бода. Најголемата драма се случи во самиот финиш на средбата, кога домаќинот пропушти златна шанса да стигне до победа, Исак Прајс не успеа да постигне гол од пенал, па дуелот заврши 0-0. 

И покрај промашениот пенал, островските медиуми истакнуваат дека Северна Ирска, со одличната одбрана и лидерската позиција, целосно ја држи судбината во свои раце во борбата за пласман во елитната А дивизија.