Aрсими е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија
Натпреварот беше одигран во дополнителен термин поради настапите на струмичкиот клуб во младинската Лига на шампионите. Брера на паузата имаше предност, но Арсими во второто полувреме направи целосен пресврт и со три постигнати гола стигна до победата и пласман во следната фаза.
Претходно своето место го обезбедија: Скопје, Струга, Вардар, Силекс, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија Арачиново.
Осминафиналните натпревари во Купот на Македонија ќе се играат напролет.