Гвардиола до Португалците: Роналдо не го заслужва ова!
Иако по неуспехот на Италија во Зеница, каде што „аѕурите“ останаа без пласман на Светското првенство, му била понудена можност да ја преземе селекцијата и да го наследи Џенаро Гатузо, Гвардиола откри зошто ја одбил понудата.
„Паоло Малдини и Леонардо се луѓе кои многу ги сакам, но ми пристапија во момент кога морав да застанам. Сакав да дојдам овде во Баија и да поминам повеќе време сам со себе. Веќе 18 години сум тренер и водам натпревари на секои три дена. Мора постојано да освојуваш тројни круни. Доаѓа момент кога си велиш: Наместо секој ден да јадеш шпагети, убаво е понекогаш да изедеш и парче месо“, изјави Гвардиола во подкастот на легендарниот бразилски фудбалер Ромарио.
Teма во разговорот на Гвардиола беше и Кристијано Роналдо. Шпанецот смета дека Португалија не смее да дозволи еден од најголемите фудбалери во историјата да замине без соодветна почит и признание за сето она што го направил.
„Португалската фудбалска федерација мора да му обезбеди достоинствен крај на репрезентативната кариера на Кристијано Роналдо. Двете страни треба да вложат напор за да се случи тоа. Роналдо не треба да ја напушти репрезентацијата на овој начин. Не смеат да го пуштат така. Тој беше неверојатно важна фигура, не само за себе и за Португалија, туку и за идните генерации португалски фудбалери. Мора да разберете дека Роналдо не заслужува да замине на ваков начин“, порача Гвардиола.