
Aморим не се откажува: Верува дека Манчестер јунајтед може до ЛШ
Единствената шанса Манчестер јунајтед следната езона да игра во Лигата на шампионите е Лигата на Европа, но само под услов да ја освои. За да останат во игра мораат да слават против клубот од Баскија откако во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ резултатот беше 1-1.
„Ја имаме Лигата на Европа и преку неа можеме да дојдеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае“, изјави Аморим.
Иако признава дека е тешко, Аморим вели и дека има план.
„Имаме план, знам дека е тешко. Но, најважно е што знаеме што сакаме и кои играчи треба да ги доведеме“, истакна Аморим.