Елмас не влезе, Аталанта го доживеа вториот пораз по ред (ВИДЕО)
Тимот од Бергамо апсолутно немаше среќа на овој натпревар бидејќи доминираше во текот на сите 90 минути, упати дури 22 удара, но само еднаш ја погоди мрежата. Гостите поведоа преку Менди во 19. минута, израмни Скамака во 41., а конечниот резултат го постави Даниел Малдини по 15-тина минути игра во второто полувреме. И покрај константните напади, Аталанта не успеа да дојде барем до бод на овој меч.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас првпат од доаѓањето во Аталанта не доби шанса за настап. Против Рома и Болоња одигра вкупно 100 минути, но денеска целиот натпревар го преседе на клупата за резерви.