Бразил го изневери Роналдо, „Феноменот“ се откажа од претседателската трка

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо не успеа во својата намера да стане претседател на Бразилската фудбалска федерација и се откажа од трката.

Популарниот „Феномен“ се пожали дека речиси и да не добил поддршка од поединечните федерации на сите 27 членки во земјата.

Како што сега стојат работите најверојатно актуелниот претседател Едналдо Родригез ќе биде реизбран.

„Откако ја објавив мојата желба да се кандиддирам за претседател на Фудбалската федерација на Бразил на следните избори, сега и официјално ја повлекувам мојата намера. Кога мнозинството што има право на глас смета дека фудбалот во нашата земја е во добри раце, тогаш моето мислење воопшто не е важно“, порача Роналдо.