Велс во Скопје без поранешниот фудбалер на Јувентус и Арсенал

Eкипата на Велс ќе биде првиот противник на Македонија на домашен терен во квалификациите за Светското првенство, а селекторот Крег Белами го објави списокот на повикани фудбалери со кои ќе гостува во Скопје.

Поради повреда од комбинација за настап отпадна поранешниот фудбалер на Јувентус и Арсенал, Аром Рамзи кој денес е член на Кардиф.

Местото на Ремзи го презема искусниот 34-годишен Том Лорес, фудбалер на Ренџерс.

Покрај натпреварот со Македонија кој е закажан за 25 март, Велс во овој месец ќе се соочи и со Казахстан.