Ван Дајк ги загрижи навивачите: Не знам каде ќе играм следната сезона

Ливерпул беше елиминиран од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), по што беше забележана загрижувачка сцена од подтрибинскиот простор каде што дефанзивецот Вирџил Ван Дајк имаше разговор со раководството на парижаните.

Претседателот на ПСЖ Насер Ал-Келаифи и директорот Луис Кампос разговараа со Ван Дајк, а тоа ги исплаши навивачите со оглед на фактот дека дефанзивецот има договор до крајот на сезоната.

Ван Дајк дополнително ги загрижи навивачите на Ливерпул, откако кажа дека не знае каде ќе игра следната сезона.

 „Не знам што ќе биде со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже директно в лице. Ако има некакви новости, ќе ве известам. Не знам ни сам што ќе биде“, кажа Ван Дајк.