Навивачите на Ливерпул му се налутија на Слот поради двајца фудбалери!

Ливерпул беше елиминиран од ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите (ЛШ), а навивачите на премиерлигашот му се лути на тренерот Арне Слот.

Навивачите сметаат дека Луис Дијаз не требало да добие шанса во вчерашниот меч против парижаните затоа што ништо не покажал на теренот.

Втората причина поради која му се лутат на тренерот е тоа што не му дал шанса на италијанскиот фудбалер Федерико Кјеза.

„Црвените“ загубија на пенали од ПСЖ, откако од белата точка не беа прецизни Дарвин Нуњез и Куртис Џонс.