
Милевски со проверени сили и еден дебитант ќе ги нападне Велс и Лихтенштајн!
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за двата натпревари во март, а повратник во селекцијата е Агон Елези, додека повик имаше и за одличниот Лука Станковски од Раднички Крагуевац.
Првиот натпревар се игра против Лихтенштајн на 22 март на гостински терен, а потоа Велс доаѓа во Скопје на 25 март.