Хумелс ја стави Рома во проблеми, доби црвен уште во 11. минута! (ВИДЕО)

Дерби мечот од Лига Европа меѓу Атлетик Билбао и Рома почна бурно иако уште нема голови, италијанскиот тим остана со фудбалер помалку откако искусниот Матс Хумелс рано доби црвен картон.

Хумелс стартуваше како последен играч во одбраната, а судијата веднаш му покажа црвен картон.

Рома има предност од 2-1 по првиот натпревар, но црвениот картон може да направи сериозна штета на волчицата и дополнително да му даде крилја на Билбао да ја анулира негативата.